ДЕКЛАРАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора со остар протест против Европскиот парламент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во Корча, Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) одржа прес-конференција во врска со Прогрес-Извештајот за интеграција на Република Албанија во Европската Унија и притоа упати декларација до јавноста и Европската Унија!temelko2

Во декларацијата се вели: Партијата Македонска алијанса за европска интеграција како единствена Македонска партија што ги претставува интересите на Македонскиот народ во Албанија го поддржува Прогрес-Извештајот за интеграција на Република Албанија во Европската Унија, но изразува длабока вознемиреност и протестира за делот на Извештајот кадешто се вели дека “во Мала Преспа, Голобрдо и Гора постои бугарско малцинство“, предложено од бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора.

Македонците во Албанија не се “Бугари“!

Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓиптјанско малцинство!

Напорите за признавање на непостоечко “бугарско малцинство“ во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината!

Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на булгарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на Македонскиот народ во целина.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Прогрес-Извештајот за интеграција на Република Албанија во Европска Унија, одобрен од Европскиот Парламент, во делот каде се бара признавање на “бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универзалната декларација за човековите права и слободи, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција бара од Бугарија да не измислува “Бугари“ таму каде што не постојат, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија .

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува Македонците од Албанија како пречка на патот на Албанија во процесот за интеграција во Европската Унија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This