April 25, 2024, 12:22 am

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од пратеникот Антонио Милошоски се поклони денеска пред споменикот на Даме Груев во неговото родно Смилево.

„Поклон пред Дамјан Груев (1871-1906), синот на #Смилево, великанот на #ВМРО, апостолот на #Македонија!“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ вчера положи цвеќе и изрази длабока почит пред споменикот на илинденците на Мечкин Камен.

Денес прво на сите граѓани на Република Македонија од името на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам најголемиот слободарски празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен – истакна Милошоски вчера и додаде дека се одлучиле на овој чекор од неколку причини.

Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимност за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им оддадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани, кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање  легитимност на прослави организирани од владата на СДС и на ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти, кои можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник – подвлече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This