ДЕЛИРИУМ НА АРЕНАТА ФИЛИП ВТОРИ: Младите фудбалери испишаа историја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младите македонски херои испишаа историја на „Филип Втори“, историја за македонскиот фудбал и историја за македонската репрезентација до 21 година.

img_8772-615x400

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го одигра својот историски натпревар за пласман на едно големо натпреварување и успеа да дојде до голема победа против репрезентацијата на Шкотска со 2:0.

istorija-mk

На пласманот на Македонија на ЕП кумуваше Украина, која се пресврт во вториот дел против Исланд обезбеди пласман за нашите млади фудбалери во Полска, бидејќи во спротивно залудна ќе беше нашата победа.

Украина имаше негатива од 1:0 на полувремето, но со професионално издание во вториот дел направи пресврт од 2:4 и донесе огромна радост меѓу комплетната македонска јавност.

Младите момчиња на големиот државен празник 11. октомври со златни букви ќе бидат запишани во историјата на македонскиот спорт бидејќи се првата фудбалска репрезентација која ќе учествува на една завршница на големите натпреварувања.

Избраниците на селекторот Боби Милевски во текот на овие квалификации одиграа јуначки десет натпревари победи шест пати и само еднаш беа поразени и тоа уште во првото коло од репрезентацијата на Исланд. Од тогаш па натаму се до крајот, токму селекторот и неговите избраници од натпревар во натпревар растеа и освојуваа победи против репрезентации со далеку поголем рејтинг од нашиот, Шкотска, Франција, Украина…

Во мечот кој само победата не требаше да биде во прашањe уште од самиот почеток нашите репрезентативци притиснаа кон голот на Шкотите и создадоа неколку шанси уште во првото полувреме. Јунакот од мечот во Шкотска кога победивме со 1-0, Кире Маркоски уште во 18 минута со одмерен удар успеа да го совлада гостинскиот голман. По само четири минути рековалесцентот Енис Барди кој стисна заби и покрај тоа што е сериозно повреден, успеа во 22 минута да зголеми на 2-0. Во првиот дел Македонија имаше шанса да зголеми и на 3-0, но Давид Бабунски промаши и пенал.

makedonija-u21-1

Пред финишот на првото полувреме Македонија имаше шанса преку Кире Маркоски за 3-0, но голманот Фултон повторно успеа да интервенира, а во 47 минута Давид Бабунски одлично се „протна“ по левата страна и се намести за шут откосо, но ударот повторно го скроти Фултон и ја испрати топката во корнер. Во 60. минута шанса за погодок имаше Шкотска, но Алексовски интервенира, а во последните 30 минути Македонија го смири темпото на игра, мирно ја влечеше топката по теренот и го приведе мечот кон финиш.

Македонија во групата заврши како лидер со 21 бод, еден повеќе од второпласираниот Исланд. На нашето конто на крајот од групната фаза имаме шест победи, три ремија и само еден пораз, и тоа оној на стартот од квалификациите против Исланѓаните. Генерацијата на Благоја Милевски која ветува ќе има сигурно што да покаже во Полска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This