April 16, 2024, 11:28 pm

ДЕЛОВИ ЗА АУДИ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ВО ПРИЛЕП: Новите резервоари за „Ауди А4 Г-трон“ за гас под притисок се произведуваат со роботи од Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновата генерација на Ауди А4 Г-трон содржи “CNG” (природен гас под висок притисок) резервоари произведени на најнапредната и единствена роботска линија во светот развиена и испорачана од прилепската компанија Микросам-Прилеп.

Композитните резервоари, вградени во возилата кои се во продажба од оваа година, ја намалуваат тежината на системот за гориво до 50% и носат до 40% пониски трошоци за гориво – објави порталот “Кичево.мк”

Европа е најбрзо растечки пазар за возила на природен гас (NGV – Natural Gas Vehicles) и Ауди А4 г-трон е меѓу првите возила со сериско производство на овој пазар.

Инженерите во Микросам, единствени во конкуренција за овој проект, последните неколку години развиваат светски најсовремени целосно автоматизирани линии за производство на резервоари за гас под притисок, течен нафтен гас и Хидроген – додаваат од порталот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This