April 18, 2024, 11:32 pm

Делови од повеќе скопски општини утре без cтpyјa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека за ден 02.07.2020 година (четврток) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 04.30 до 05.00 часот, поголем дел од централното градско подрачје, односно дел од населба Пролет, јавните институции и другите објекти лоцирани на кејот на реката Вардар, плоштад Карпошово Востание, Веро Џамбо, дел од корисниците лоцирани кај Зелен Пазар, како и дел од корисниците од населба Кисела Вода од зграда Пегла до објектот на технички преглед. (општина Центар и Кисела Вода)

-во периодот од 07.30 до 15.30 часот, продавниците лоцирани на пластичарската улица на пресек со ул. Исмаил Кадаре, корисниците од улиците Исмаил Кадаре и Кумбара, како и дел од корисниците од улиците Кримска и 138. (општина Чаир)

– во периодот од 07.50 до 15.30 часот, корисниците од село Кучково. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, каменоломите на Титан Беровиќ и Гама Градба, корисниците од селата Осинчани, Елово, Црн Врв, Малчиште и Маркова Сушица, (општина Студеничани) Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Ракотинци и Добри Дол, како и објектите на ловиштето Јасен. (општина Сопиште)

– во периодот од 08.30 до 13.30 часот, корисниците од село Добри Дол, лоцирани на потегот од црквата кон град Скопје. (општина Сопиште)

– во периодот од 08.30 до 18.00 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Света Петка, Чифлик и Говрлево, како и сите стопански и нестопански објекти на тој потег. (општина Сопиште)

– во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Бернард Расел. (општина Ѓорче Петров)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This