Делта cojoт се шири низ Makeдонија, за десет дена околу 100% зголемен бројот на активни случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За десет дена за околу 100 проценти е зголемен бројот на активни случаи на ковид 19 во државата. Ако на 5 јули имало 130, денешната статистика покажува дека во моментот има 236 граѓани со корона. Расте и бројот на градови каде има новодијагностицирани а на табелата водат Скопје и Тетово во кои се повеќе од половина од заразените. Во градот под Шара жаришта на вирусот беа свадба и семејна прослава кои однесоа во изолација поголем број на гости. Колку ситуацијата е загрижувачка и ќе има ли одредени рестрикции на локално ниво и на границите Комисијата ќе прави проценка на епидемиолошката состојба следната недела, потврди за Сител министерот за здравство.

Без разлика на исходот од состанокот, здравствените власти алармираат дека имунизацијата е единствен спас од вирусот. Процентот на вакцинирани е многу далеку од потребата за колективен имунитет, но надлежните освен евентуални рестрикции за невакцинираните од наесен засега не предвидуваат стимулативни мерки за подигање на стапката на вакцинирани.

И додека кај нас нема никакви најави, главниот српски епидемиолог Предраг Кон со лоши прогнози за ширење на вирусот и барање за итна задолжителна вакцинација.

За три недели бројките на новозаразени можат да станат четирицифрени во еден ден, а болниците најверојатно ќе почнат да се полнат за 7 дена. Нема време за размислување, под итно мора да се почне со задолжителна имунизација на здравствените работници а потоа и на останати граѓани кои се во посебен ризик или се во ситуација масовно да ја шират заразата поради природата на нивната работа, напиша Кон на Фејсбук.

Освен Комисијата за заразни болести која препорачува мерки, треба да се поизјасни и Комитетот за имунизација дали и кај нас ќе има опција засега 270 000 кои примиле две дози доколку сакаат да добијат и бустер доза за дополнително зајакнување на имунитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This