April 25, 2024, 10:11 am

ДЕЛЧЕВО СО МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ОСЛОБОДУВАЊТО НА ГРАДОТ: Делчево со неколку настани по повод ослободувањето на градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 7 септември, со концерт на кој ќе настапат тенорот Влатко Груевски и Андреј Наунов на пијано, в петок ќе се одбележат 74 години од ослободувањето на Делчево. Почетокот на концертот кој ќе се одржи во Спомен дом АСНОМ е закажан за во 20 часот.

Претходно како што информираат од општина Делчево ќе се организираат низа свечености по повод значајниот датум.

– Свеченостите по повод 74-годишнината од ослободувањето на Делчево ќе започнат во 12 часот со свечена седница на Советот на општина Делчево на која ќе бидат доделени општинските награди „7 Септември“ како и наградите од јавниот конкурс за избор на најубав двор во Делчево. Програмата продолжува со настап и рецитал на деца и ученици од детската градинка и двете општински основни учулишта како и мини концерт на делчевските уметници Дејан Ѓеоргиев – Ѕене и Горан Ќурчиски кои ќе настапат на пијано и тромбон. Вечерта е резервирана за концертот на тенористот Влатко Груевски и Андреј Наунов на пијано, информираат од општината.

По повод „7 Септември“ во 15 часот во дворот на ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 15 часот ќе се организираат спортски натпревари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This