Дел Понте открива: Медлин Олбрајт ја предупpeдилa да внимава со Харадинај бидејќи може да пpeдизвика немиpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека своевремено била повикана од американскиот државен секретар Медлин Олбрајт која ѝ порачала да биде внимателна кога станува збор за Рамуш Харадинај.

На новинарско прашање од германски „Шпигел“ дали американските политичари и се јавиле и експлицитно барале да се се спроведуваат истраги против косовски Албанци, таа одговори негативно.

„Не, затоа што тогаш би протестирала јавно. Сепак, Медлин Олбрајт, која во тоа време беше државен секретар на САД, ми рече преку телефон: „Карла, внимавај на Рамуш Харадинај, може да има немири на Косово“, рече Дел Понте во вторникот, пренесува Танјуг.

Новинарот на „Шпигел“ изјави дека Дел Понте била постојано изложена на политички притисок, односно дека се жали дека по прашањето за Југославија не смеела да го истражува НАТО.

„Меѓународната правда може да работи само доколку постои политичка волја. Ако ја нема, не можете да направите многу. Никогаш не знаете кои биле мотивите за попречување на истрагата, но имало и такви. На пример – НАТО беше присутен во Југославија и лесно можеше да ги уапси Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, но тоа не се случи Сепак, на крајот трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија беше успешен“, рече Дел Понте.

Дел Понте го гонеше и Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Југославија.

„Единственото нешто што ме изненади во врска со Милошевиќ беше начинот на кој ги испрашуваше сведоците. Многумина сè уште го сметаа за претседател и беа преплашени. Нашите судии беа љубезни со него, го прашуваа како е, дали спиел добро … Кога бев во судницата, имав на ум илјадници жртви. Милошевиќ се бранеше, што му даде можност да одржи политички говори. По две години, дојдовме до крајот на процесот. Си ветив: ‘Од понеделник, ќе кажам сè што ќе кажам’. Сепак, Милошевиќ почина тој викенд “, рече Дел Понте.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This