April 26, 2024, 11:01 pm

ДЕМАНТ НА „ФЕЈК“ ВЕСТИТЕ: МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ демантира дека дале поддршка на „бачевци, фродемци“ и слични калкуланти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лажните вести кои утринава ги раширија про-владините медиуми со цел дополнително расцепкување на искрените патриотски здруженија, наидоа на остар демант од МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ кои негираат било каква поврзаност или поддршка за денешната иницијатива за т.н. „Народно собрание“ во организација на, како што велат, сомнителни политички ликови и калкуланти

 


„Споменувањето на МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето во потпишување на некои прогласи или соопштенија не е фер и согласно кодексот на Патриотските здруженија.
Андон Лазов Јанев Ќосето, нема дадено и нема да даде одобрение да се користи името на здружението во политички игри на личности кои се со сомнителна патриотска вредност и ликови кои се сомневаме дека имаат повеќе користољубие отколку реална патриотска побуда во нив.

Демантираме дека сме дале поддршка.

МПЗ Андов Лазов Јанев Ќосето своите чекори, поддршки и дејствувања кога би ги имало ќе ги објави на својата Официјална ФБ страна или преку личностите кои се директно инволвирани во функционирањето на Здружението.

Доколку во иднина се случи повторно да се спомене името на Здужението без претходно одобрување од неговото раководство, сакаме да најавиме дека ќе се сретнете со гневот на членовите на тоа здружение.

Бидете коректни, не сме ве споменале никаде нема ни да ве споменеме без да ве прашаме.

Поздрав со почит кон сите Родољуби и искрени личности кои го ценат делото на Ќосето.

МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето.“ – демантираат од МПЗ „Андон Лазов Јанев- Ќосето“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This