April 26, 2024, 11:17 am

ДЕМЕК, ЕВЕ И ОНИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПРОЕКТОТ: СДСМ запира капитални проекти, работата на автопатот Кичево-Охрид ја запре за да изгледа дека учествуваат во проектот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ со нивното доаѓање закочија буквално се. За некои работи објавија дека целосно ги откажуваат и нема да ги прават, како училиштето во Визбегово каде со ребалансот ги скратија средствата за градба, за Драмскиот театар ги скратија сретствата, за театарот во Охрид, Универзалната сала, а некои проекти пак ги запреа на одреден период измислувајќи дека има некакви пропусти, грешки во проектот, па сега тиекако  треба да ги поправат, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој денес е на терен во охридско и одговараше на новинарско прашање за стопираната градба на автопатот Кичево-Охрид од страна на СДСМ.

-Целата борба е да се покаже дека и тие со нешто учествуваат во овој проект, проект кој што го обезбеди поранешната Влада обезбедувајќи 374 милиони евра за изградба на автопат помеѓу Кичево и Охрид од кој што половина и се заврши во времето на нашиот мандат. Само што дојде новата Влада, го запре. Пред тоа го работеа 1200 работници, имаше 500 машини на терен и одеднаш кога дојдоа првиот ден викаат дека имало проблеми и грешки и го запреа. Сега со месеци ќе чекаме нешто тие да исправат, а нема ни потреба да се запираат работите. Кога се гради автопат секогаш искрснуваат некои проблеми кои се решаваат додека се гради автопатот. Новата Влада за да покаже дека таа нешто крупно завршила, дека исправила  бидејќи досега нема никакво учество во правење на автопат, го  запре работењето, го сведе на минимум. Од 1200 работници го сведе на десетина работници. На терен нема 500 машини туку и тоа е сведено на 10 машини. Работите се забавени и запрени и ќе чекаме некое време кога ќе објават дека наводно ги разрешиле проблемите кои всушност и не се такви проблеми. Тоа е стилот на работа на СДСМ. Се што можеа да запрат како капитални проекти од ВМРО-ДПМНЕ ги запреа, а тоа што ептен е отидено во напредна фаза и немаат лице пред луѓето да го запрат, сериозно го забавија за да изгледа дека се дел од тој процес, вели Груевски.

Тој додава дека е жалосно што СДСМ го прави ова бидејќи тој што губи на крајот е народот.

-А народот кога губи, ќе губи и тој што им го прави тоа. Шансата за тоа е на 15-ти октомври на наредните избори, заклучи Груевски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This