April 24, 2024, 11:14 am

ДЕМИРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА: Ќе биде со краток рок, ДУИ ги чува силите за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ДУИ сметаат дека тројката Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта е највредното во партијата.

Demiri

Кога ќе се погледнат имињата на новите министри, очигледно е дека тие немаат никаков капацитет да ги спроведат реформите кои се потребни. Повеќе од јасно е дека оваа влада ќе биде со краток рок, убеден е поранешниот дипломат Алајдин Демири.

Тој во разговор за Телеграф.мк ги објаснува причините зошто СДСМ и ДУИ се решиле за, како што вели, ваков лош кадар. Демири е убеден дека ДУИ се чува за локалните избори, додека пак поради предолгото време поминато во опозиција СДСМ останал без квалитетни луѓе во своите редови.


Ако зборуваме за новата влада дали има капацитет да го спроведе она што го вети, реформи и со кои луѓе би го направила, може да се каже дека е со ниско ниво. Ниско е бидејќи СДСМ долго време е во опозиција и човечкиот капацитет се растури, а пак ДУИ поради долгото време поминато во власта тешко можеше да најде луѓе што не се вмешани во криминал и во корупција – нагласува дипломатот за Телеграф.мк.

Според него, очигледно е дека во ДУИ повеќе размислуваат за локалните избори и ги сметаат за многу позначајни работи отколку изборот на владата.

– ДУИ своите сили ги чува за изборите за градоначалници бидејќи им е јасно дека оваа влада ќе има краток век. Тие сметаат дека тројката Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта е највредното во партијата, но јас не сум убеден во тоа – додава Демири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This