April 20, 2024, 11:41 am

Демировски до СДCM: He доведовте до пpocјачки cтaп, нemaме пари да ги погpeбaме ни своите дeцa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај опасноста од коронавируст кај Ромите во Македонија се шири уште една опасна епидемија, епидемија на корисници на опојни дроги.

Станува збор за млади луѓе кои го губат својот живот трагајќи по среќата во најмрачните сокаци обидувајќи се да пополнат празнината во својата душа од безнадежноста и немањето иднина во сопствената држава.

Денес уште еден млад Ром го загуби животот поради дрога. Станува збор за 36 годишен жител на Шуто Оризари кој почина од предозирање.

Квалитетот на животот на Ромите во Македонија од година во година тоне, состојбата е се полоша и полоша, немаме услови за квалитетно образование, здравствена и социјална заштита, за нас Ромите нема работа, ни забрануваат и на базен да одиме.

Ова е резултат на безидејноста и неспособноста на Владата на СДСМ која ветуваше брда и долини за ромксиот народ, а не направи ништо, напротив во изминативе две години сите не донесе на просјачки стап.

Сега фамилијата на младиот Ром нема доволно средства ни погреб да организира, е до таму не доведе оваа Влада на СДСМ, да не можеме да си ги закопаме децата.
Ќе сторам се што можам да му помогнам на семејството и да му ја ублажам болката, апелирам до сите Роми да помогнат.

Чувајте ги вашите деца, најмладите кажете им за опасностите од овие отрови кои доброволно ги внесуваат во своите тела. Спасете ги вашите чеда, тие се нашата иднина.

А јас ви ветувам дека ќе борам со криминалот и дилерите кои ги трујат нашите деца.

Изразувам длабоко сочувство до семејството кое го загуби своето чедо!

Ром за Ром, со почит Претседател на НПР Геге Демировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This