ДЕМИР: Република Македонија беше симбол за меѓу етнички соживот и толеранција благодарејќи на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последната деценија наназад Република Македонија беше симбол за меѓу етнички соживот и толеранција благодарејќи на ВМРО-ДПМНЕ кој ја водеше целата оваа партија, а тоа го постигна партијата со тоа што ги има вклучено и другите заедници без разлика од која вера се членовите и од кој дел на Македонија доаѓаат тие или пак какво образование имаат тие, изјави Ерџан Демир, на денешната панел дискусија „Единствени во почитувањето на мултикултурализмот и заедништвото“.

-Една од причините дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите и кон Ромите е тоа што тие одлучија да отворат партиски комитет во една од најголемите ромски населби во Македонија, тоа е во Шуто Оризари и тоа партијата го направи се со цел да им се даде еднаква можност на Ромите како и на сите други да станат членови на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата направи многу за Ромите и тоа не смее да се потценува и да се сокрие, од самиот почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Ромите имаа свои министер Ром, имаа заменик министер Ром, неколку директори, пратеници и за жал сега тоа го нема, во оваа влада на СДСМ останавме само со еден пратеник и еден заменик министер, тоа укажува дека како оваа партија ги гледа Ромите и дека тие не се како што беа претходно, рече Демир.

Тој истакна дека кога порано се зборувало за Ромите се мислело дека тие се необразовани, сиромашни и луѓе кои не се интегрирани, но денес не е така и секој кој што сака да соработува со Ромите треба пред се малку да истражува и да го смени својот став и мислење кон Ромите, вели Демир.

-ВМРО-ДПМНЕ направи многу работи за Ромите и им излезе во пресрет бидејќи во сите проекти кои што ги правеше Ромите беа дел од нив, без разлика дали тоа се субвенции за земјоделците, тутунарите, како и проектите за само вработување и други проекти. Оваа влада треба да размисли дали ќе ги вклучи Ромите, но за жал таа се покажа дека таа нема можност тоа да го направи, затоа што членската книшка на СДСМ не може да биде возачка дозвола, ниту може да биде здравствена легитимација, а можеби ќе може да им биде и штедна книшка, но тоа не може да се случи затоа што знаат дека Ромите секогаш биле со ВМРО и секогаш ќе останат со ВМРО, потенцираше Демир.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This