Демократија на дело: Забрана за протести во Вашингтон до 25 јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер на денешната прес-конференција изјави дека локалната власт бара од федералната влада на САД да ги одземе сите дозволи за различни протести и демонстрации во центарот на главниот град до 25 јануари.

– Го молам секретарот за внатрешни работи (Дејвид Бернхард) да ги одземе сите дозволи за јавни собири во Дистриктот Колумбија и да не издава нови вакви дозволи меѓу 11 и 24 јануари.

Барањето се објаснува со фактот дека централниот булевар Вашингтон и спомениците и парковите лоцирани на него и во близина се под јурисдикција на федералните власти. И инаугурацијата на следниот претседател на САД, Џо Бајден, што е закажана за 20 јануари, ќе се одржи на скалите на Конгресот, што е на таа територија.

Баузер, исто така, истакна дека побарала од федералната влада да има секојдневни брифинзи за безбедносната состојба во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден.

– Го замолив државниот обвинител да му наложи на Федералното биро за истраги да дава дневни брифинзи и проценки на заканите, посочи Баузер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This