ДЕМОЛИРАНА КАФАНА, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Близок соработник на Заев вчера демолирал кафана, никој не смее да пријави во МВР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа околу полноќ, околу 00.30. часот во угостителски објект во близина на Владата на Р.Македонија се случила општа тепачка предизвикана од лице блиско до власта, а претходно познато по низа на инциденти

Напаѓачот бил идентификуван како истото лице кое претходно го нападна лидерот на ГРОМ и екс-градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Според очевидците, лицето пристигнало со мотор пред угостителскиот објект заедно со уште една девојка. Откако нарачале пијалок, посочениот започнал со провокации и закани кон присутните гости.

Кратко потоа, пристигнале уште неколку лица кои заедно со посочениот започнале вербална расправија со гости во ресторанот со кои најверојатно од претходно имале нерасчистени сметки. По кратката вербална расправија започнала и тепачка.

Во инцидентот демолиран бил угостителскиот објект. При обидот на сопствениците на ресторанот да реагираат, добиле закани од напаѓачот дека ако се јават во полиција – „тешко нив“ – по што започнал да ги тепа и соспствениците на ресторанот и преостанатите гости кои се нашле на местото на настанот.

„Немој некој да извадил телефон и да се јави во полиција, немој некој да ги викне маме ќе ви е*ам ваше“ – се заканувал напаѓачот, инаку близок соработник на Зоран Заев, и брат на екс-пратеник од СДСМ.

Според информациите на еден од нападнатите гости, кај еден од тепачите забележал и пиштол во појасот.

 

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This