Демонстрантите jа блokираа полициската станица во Нови Сад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 19.30 часот, по протeсниот марш низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блоkираа полициската станица „Стари град“ во улицата Радничка.

При тоа демонстрантите симболично побараа од министерот за полиција, Небојша Стефановиќ да ги уапси.

За време на протeстот, тие оставија три садови со храна за кучиња пред вратата на полициската станица и викнаа „кучиња, кучиња“. Некои граѓани оставија и пари.

После само 15 минути на капијата на полициската станица се појави група полицајци, целосно опремени за разбивање демонстрации, по кои граѓаните извикуваа „Слуги на режимот“, „Ние ве плаќаме“, „Фрлете ги штитовите“ …

Според српските медиуми, собирот засега е мирен. Демонстрантите во моментов го блоkирале Варадинскиот мост.

Покрај Белград и Нови Сад, протести вечерва има и во Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This