Дендиас во Скопје: Шефот на грчката дипломатија во официјална посета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис во вторник, на 26 ноември, ќе го посетат Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на МИА, рече дека агендата на разговори се уште се комплетира, но со оглед на тоа дека и Франкојанис ќе биде во Скопје заедно со Дендиас, ќе стане збор и за економската соработка.

– Една од темите за кои ќе се разговара е и дополнителен развој на нашите економски односи, затоа ќе биде присутен и господинот Франкојанис. Мислам дека желба на двете страни е соработката да се движи во позитивна насока, рече Гениматас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на дипломатиите на Грција и на Северна Македонија се сретнаа вчера во Брисел, средба за која Гениматас рече дека била конструктивна и станало збор за подготовките за посетата на Дендиас на Скопје.

– Во рамките на грчката стратегија за Западен Балкан, грчката влада има намера да преземе конкретни иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите од регионот, со цел консолидација на безбедноста, зајакнување на стабилноста и развој на просперитетот на поширокиот регион, рече портпаролот на грчкото МНР

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This