March 28, 2024, 10:28 pm

ДЕНДИАС ОД БРИСЕЛ: На грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подобрување на методологијата на проширувањето и потребата да се задржи европската перспектива на земјите од регионот, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, биле во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата и на Македонија и Албанија на денешниот работен појадок организиран од Грција.

Дендиас, по неформалниот состанок оцени дека работниот појадок поминал успешно, изрази верување дека во одреден степен нешто се постигнало и истакна дека на грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

Корисна прва можност, по Европскиот совет во октомври, да размениме мислења за тоа како можеме да одиме напред во следниот период. Беше доставено барање за подобрување на методологијата за проширувањето и за потребата да се задржи во фокусот европската перспектива на Македонија и на Албанија, но и на останатите земји од регионот, секако секогаш во рамките на усогласеноста со европското законодавство. Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска. Плодна и суштинска дискусија и еден чекор напред. Ќе продолжиме да работиме за да постои позитивна рaзврска, евентуално следниот март, кон посакуваната насока – рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија додаде дека Грција е најстарата земја членка на ЕУ од регионот, дека е фактор на стабилност и соработка и „ќе продолжи да презема јасни иницијативи во оваа насока”.

За време на работниот појадок, од грчкото МНР преку официјалниот „Твитер” профил порачаа дека „Грција активно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан”, а Дендиас, исто така на „Твитер”, објавувајќи фотографии од разговорите, напиша дека Грција е протагонист во европската перспектива на регионот.

На работниот појадок во Брисел со МНР на државите членки на ЕУ, Албанија и Македонија. Грција протагонист во случувањата со иницијатива за европскиот тек на Западен Балкан – напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер” профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This