- Advertisement -
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Утре ќе има појава на умерена облачост, а во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, велат од УХМР.