Денеска е Велики Петок: Најтешкиот ден во годината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата вели дека црвените јајца кои се симбол на празникот, заедно со поздравот „Христос воскресе” прво ги употребила Марија Магдалена…

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.
Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи, запишал македонскиот фолклорист и истражувач Марко Китевски во книгата „Македонски празници и празнични обичаи”. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода” тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово”. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погpебување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница” се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гpоб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувcтвуваат со раcпнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Раcпетието Христово” (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Легендата вели дека црвените јајца кои се симбол на празникот, заедно со поздравот „Христос воскресе” прво ги употребила Марија Магдалена. Таа секогаш ги слушала проповедите на Исус, прва дошла на неговиот гроб во неделата наутро, прва го видела гробот празен, прва го видела и’ Исус воскреснат, а по неговото вознесение на небото тргнала по светот за да го проповеда неговото учење, но и вистината за неговата маченичка смpт, како и неговото воскресение.

Кога стигнала во Рим Марија Магдалена го посетила и императорот Тибериј и подавајќи му црвено јајце го поздравила со зборовите „Христос воскресе”. Со тоа го започнала разговорот со императорот на кого како очевидец му зборувала за Исус и неговите добри дела (лекувањето болни, воскреснувањето мртви и сл.), за неправедното обвинување и маченичката смpт.

Откако ги ислушал убедливите и аргументирани сведоштва на Марија Магдалена императорот Тибериј го нашол за виновен римскиот управник во Јудеја Понтие Пилат, кој иако имал моќ не го заштитил праведниот Исус, поради што за ка3на го преместил во Галија каде што овој умpел од те шка бол ест и во царска немилост. За ваквите заслуги на Марија Магдалена Светата црква ја прогласила за рамноапостолна и за прва благовесница на Христово воскресение.

И во македонското народно творештво, забележал Китевски постојат повеќе преданија за црвеното велигденско јајце. Според едно од нив, кога Хрис бил раcпнат на крстот од крвта што капела од рацете и нозете каде што бил закован камчињата од крстот се обоиле црвени. Како спомен на тоа луѓето вапцуваат јајца со црвена боја, се вели во ова предание. Во друго предание се раскажува дека во неделата кога Марија одела на гробот на Исус носела варени јајца за да ги раздаде. Тие биле обоени со црвена боја за да потсетуваат на Христовата кpв. Но кога кажале дека Христос воскреснал таа јајцата им ги поделила на децата и оттогаш останало да се вапцуваат и да се раздаваат јајца на Велигден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This