April 25, 2024, 10:27 am

ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ И ТЕЖОК ПРАЗНИК: Отсекување на главата на Свети Јован Крстител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е строг пост, се одбележува Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител.

Денеска се слави еден од најголемите празници во Православната Црква, Отсекување на главата на Свети Јован  Крстител. Последниот старозаветен пророк свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. „ Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот. Празникот Отсечение главата на св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа.

Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли.

Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител. Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпани¬ја, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.

Овај ден и кај македонскиот народ се прославува со многу внимание, денот се минува во строг пост и не се работат тешки работи. Во некои краеви не се јаде црвено грозје, лубеница, домати или други производи со црвена боја, бидејќи тие потсетувале на крвта на светителот.

По повод овој празник денеска во манастирот Свети  Јован Крстител  или познат уште како “ Бигорски манастир“, во село Ростуше,  се одржа утринска богослужба на која присуствуваше и Митрополитот Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This