April 24, 2024, 12:30 am

ДЕНЕСКА Е СВЕТА НЕДЕЛА: Помолете се на оваа великомаченичка, ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некои Православни верници не прават разлика помеѓу недела како седмичен ден и „Света Недела“ како празник.

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули.

Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот. Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This