Денеска е Свети Теофилакт, епископ Никомидијски: Со милосрдие кон неволHите и кон бедHите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската православна црква 21. март го посветува на големиот маченик и бранител на верата Свети Теофилакт, епископ Никомидијски.

Кога првиот царски советник, Тарасиј, од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт.

Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смpтта на свети Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше иконоборец и како таков покрена цела бура во Црквата Христова.

Иако иконоборната ерес беше проколната на Седмиот Вселенски Собор, овој цар сепак ја воспостави и сакаше со неа да го замени Православието.

Светиот Теофилакт во лице му се спротивстави на царот, па кога царот не попушти, Теофилакт му рече: „На тебе цару ненадејно ќе дојде лута поги бел и од неа не ќе можеш да се избавиш ниту да побегнеш“. За овие зборови свети Теофилакт беше тргнат од епископската столица и испратен во pопство, каде помина триесет години трпејќи многу маkи и пон ижувања. Најпосле Му ја предаде својата света душа на Господа, околу 845 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This