Денеска е Св. апостол Матиј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на свети Симеон Богопримец во Јерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од срце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела.

Во почетокот Матиј беше приброен кон седумдесетте Христови апостоли, но по воскресението на Господа, бидејќи местото на Јуда кој Го предаде беше испразнето, апостолите со ждрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина големи апостоли (Дела 1, 23). Откако Го прими Светиот Дух на Педесетница, Матиј појде на проповед на Евангелието и проповедаше најнапред во Јудеја, потоа во Етиопија, каде претрпе големи маки за Христа. Се смета дека проповедал и во Македонија, каде сакале да го ос лепат, но тој станал невидлив за своите ма чители и така ја избегнал опа сноста. Кога се најде вo затвор, му се јави Господ, го укрепи и го ослободи. Најпосле повторно се врати на работа во Јудеја. Овде беше обв инет и изведен на суд пред првосвештеникот Анан, пред кого бес трашно сведочеше за Христа.

Анан, оној истиот којшто претходно го у би апостолот Јаков, го осуди и Матиј на см рт. Тогаш светиот апостол Матиј го изведоа и го уб ија со камења, а отпосле му ја отс екоа главата со се кира – ова беше римски начин на пог убување на ос уденици, а Евреите го применија врз мр тов човек за да претстават пред Римјаните дека уб иениот бил и противник римски. Така заврши овој голем Христов апостол и се всели во вечноста на својот Господ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This