ДЕНЕСКА Е СВ.ПРОРОК САМУИЛ: Една работа никако не смеете да ја направите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август.

Денеска е Св. пророк Самуил.

Свети пророк Самуил e петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога.

Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на првосвештеникот Илија заради расипаноста на неговите синови Офин и Финес. Тоа откровение наскоро и се изврши: Филистејците ги избија Израилците, ги убија обајцата синови на Илија и го запленија ковчегот на заветот. Кога гласникот му ја соопшти оваа вест на Илија, тој падна мртов на земја и издивна на деведесет и осумгодишна старост. А тоа истото се случи и со неговата снаа, жената на Финес. Оттогаш дваесет години Израилците им робуваа на Филистејците.

По овој рок му го испрати Бог на народот Самуил за да му проповеда покајание, ако сака да биде избавен од своите непријатели. И народот се покаја и ги отфрли туѓите идоли на коишто им служеше и го призна Самуил за пророк, свештеник и судија. Тогаш Самуил појде со војска против Филистејците и со Божја помош ги збуни, и ги уби, и ги ослободи земјата и народот.

Потоа мирно му судеше на народот до својата старост. Гледајќи го дека остаре, народот му рече да им постави цар наместо себеси. Самул го одвраќаше народот од ова велејќи им дека единствен нивни цар е Бог, но народот остана упорен во ова барање.

Иако ова Му беше неугодно на Бога, Бог му нареди на Самуил и им го помаза за цар Саул, Кисовиот син, од Венијаминовото племе. Саул царуваше кратко време и Бог го отфрли заради неговата непослушност и дрскост, па му нареди на Самуил Давид Јесеев да биде помазан за цар наместо Саул. Пред својата смрт Самуил го собра сиот народ и се прости со нив. А кога умре, по него плачеше сиот Израил, а го погребаа чесно во неговиот дом во Рама.

Оваа беседата треба да ја изговорат сите верници на денешен ден:

О како е променливо срцето човечко! Но од овие промени неговие една е срамна од најсрамните, а тоа е: кога верните ќе станат неверни. И од овие промени негови една е пославна и од најславните, а тоа е: кога неверникот ќе се преобрати и ќе стане верник.

Покај се пред смртта да ја затвори вратата на твојот живот и ја отвори вратата од Судот. Покај се пред смртта, а бидејќи не го знаеш смртниот час, и престани да го повторуваш својот грев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This