Денеска е спомен на Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православната црква денеска го одбележува споменот на Преносот на моштите на Светиот апостол Вартоломеј, Светиот апостол Тит, Светите Едески Исповедници и на Свети Мина патријарх Цариградски.

Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век.

Светиот апостол Вартоломеј

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 24. јуни. Кога овој голем апостол беше ра спнат на кр ст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погpебаа во оловен ков чег. Па бидејќи на неговиот гр об стануваа многубројни чу да, особено ис целенија на бо лни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабошците го зедоа ков чегот со моштите и го фр лија во морето. Во исто време фр лија и четири други ков чези со мошти на четворица мач еници: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.

Но, по Божја Промисла ковчезите не потонаа, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови. Липарскиот епископ Агатон во некое таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на Свети Вартоломеј до островите.

Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исце ленија на бо лни. Агатон со кли рот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ков чегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата на Свети Вартоломеј и лежеа овде до времето на Теофил Иконоборец (околу 839. година), па бидејќи тогаш муслиманите ги заг розија Липарите, моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет. Така, Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после см ртта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This