Денеска е спомен на Преподобен Максим Исповедник: Столб на православието кој ја бранеше верата од ерес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската православна црква денес (3. февруари по нов, а 21. јануари по стар календар) го одбележува споменот на Преподобен Максим Исповедник, во свое време речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата.

Преподобен Максим Исповедник
Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева.

Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи.

На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

Преподобен Максим Грк
Роден е во Грција, од каде што го повикаа на дворецот на рускиот цар Василиј Јованович за царски библиотекар и преведувач. Многу работеше, но многу и страдаше за вистината. Долго време помина во затвор, каде што го напиша познатиот Канон кон Светиот Дух, којшто до денес се употребува во Црквата. Се упокои во Господ во 1556 година.

Светиот маченик Неофит
Родум од Никеја. Уште како дете вршеше големи чуда со благодатта Божја. Изведе вода од камен, ја воскресна својата мртва мајка. Беше одведен од бел гулаб на гората Олимписка, каде што од една пештера го истера лавот и се насели во нејзината внатрешност. Во неговата петнаесетта година беше мачен за Христа во времето на царот Диоклецијан, и тоа во Никеја. Никако не сакаше да се одрече од Христа. После биење и затварање го фрлија во оган, но Бог го сочува жив.

Тогаш го ставија пред гладен лав, но лавот се умилкуваше околу Неофит. Во тој лав светителот го препозна истиот оној лав во чијашто пештера се подвизуваше, па го помилува и му нареди пак да си оди во својата пештера. Тогаш Свети Неофит го прободија со копје и тој се пресели во дворовите Господови.

Светата маченичка Агнија
Тринаесетгодишно девојче, за верата во Христа фрлено во оган, па убиено со меч. Пројави голема чудотворна моќ за време на животот и после смртта. Пострада во времето на Диоклецијан, во 305 година.

Свети маченици Евгениј, Кандид, Валеријан и Акила

Светите маченици Евгениј, Кандид, Валеријан и Акила пострадале за верата во Христа за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан (284-305), од полководецот Лисиј. Валеријан, Кандид и Акила во времето на прогонот се скриле во планините, претпочитајќи да живеат со ѕверовите, отколку помеѓу паганите. Но, и таму биле најдени и доведени во Трапезунд.

Тие смело и цврсто ја исповедале верата Христова и затоа биле биени со волови жили и стругани со железо, а раните им биле посипувани со сол и горени со оган. По неколку дена бил фатен и Евгениј и исто така бил подложен на мачење. Потоа, сите биле фpлени во разгорена печка, но од таму излегле неповредени. Кога го виделе тоа, мачитeлите им ги отcекле главите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This