Денеска е спомен на Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски: Чудотворец за Црквата и луѓето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oвој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Јерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови.

Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија.

Во овој град свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне.

Свети Панкратиј ги оxрабри верните да не се иcплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото ор ужје, чесниот крст. Кога војската се приближи до градот, на неа падна некоја темнина и ја обзеде голем ст рав. Настана голема врева, а нап аѓачите се навртеа еден против друг и се избодоа и се и секоа со сабјите.

Така го спаси градот и своето стадо со си лата на својата молитва пред Господ Божјиот угодник Панкратиј. Најпосле беше уб иен со камења од некои завидливи и зл обни незнабошци и се упокои во Господ. Неговите Свети мошти почиваат во Рим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This