Денеска е спомен на Свети Порфириј – Чудотворец за време на животот и по смpтта:Строг пост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Великата Четиресетница (Великиот Пост), кој почнува на чист понеделник, по денот на Прочка, а завршува во неделата на Воскресението Христово – Велигден. Ова е најстрогиот и најзначајниот пост во целата година. Се држи во чест на Исуса Христа и на неговото страдање за нас, луѓето.

Во текот на Великиот Пост, од понеделник до петок се пости строго, додека во сабота и во недела се пости на масло. Единствено во Великата Сабота се пости без масло, и тоа е единствената сабота во годината во која се практикува строг пост. Риба се јаде на празникот Благовештение и на празникот Цветници.


Свети Порфириј, епископ Гаски
Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години.

Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Јерусалим пет години, но тогаш раслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена, постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа, Порфириј ја прими таа должност со тешко срце.

Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамноправната борба со идолопоклониците. Бараната поддршка ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смpтта. Моштите и денес му почиваат во Газа.

Светиот маченик Јован Калфа
Овој светител се роди во Галата, во Цариград. По занимање беше ѕидар. Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки ма чења Турците го заkлаа, на 26 февруари 1575 година, во Цариград. Чесно поcтрада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This