Денеска некој ќе сака да ве oмaлoвaжи за да се издигнe ceбecи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен
Денес ќе немате проблем со искажување на вашето мислење, но внимавајте да не навредите некого. На работното место ќе немате воопшто слободно време и целиот ден ќе бидете преплавен со обврски. На емотивно поле премногу се фокусирате на неважните работи. Со ова само си го нарушувате мирот во љубовната врска.

Бик
Треба да го искористите секој можен начин за да дојдете до задоволство. Енергични сте и си ја сакате слободата. Немате комплекси и пример сте за другите. Немој да се изненадите од некои чудни потези на луѓето, очекувајте сè. За да ја задржите хармонијата во врската мора да почнете да правите компромиси и да почитувате.

Близнаци
Многу е подобро да ја следите вашата интуиција отколку советите на луѓе кои малку ги познавате. Денес некој ќе се обиде да ги омаловажи вашите способности за да се издигне себеси. Не му дозволувајте. Вие сте личност која знае што сака. Останете фокусирани на вашите цели, без разлика што мисли околината за нив. Силни сте.

Рак
На професионално поле, не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. Занимавајте се со ситни финансиски анализи. Партнерот би можел да биде малку повреден од ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Не грижете се за туѓите проблеми, решете ги вашите.

Лав
Веројатно се чувствувате осамено и несигурно. Пробајте да ги игнорирате сите тие чувства и мислете позитивно. На вашите пријатели можеби им е здодевно како што ви е вам, па затоа побарајте ги и поминете прекрасен ден заедно. Ќе сфатите дека најважен во животот ви е личниот простор и дека не сакате никој да го загрозува.

Девица
Немојте да им се спротивставувате на пријателите, нивните коментари се најдобронамерни. За подобро расположение, релаксирајте се и посветете си време на самите себе. Уживајте во позитивните резултати кои ги постигнавте во последниот период. Имате моќ да ги заведете и најнеромантичните личности.

Вага
Непријатните моменти во животот не умеете да ги гледате од поинаква перспектива од онаа реалната. Поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнилото концентрирајте се на љубовта, работата што ве исполнува и блиските пријатели.

Скорпија
Сериозноста и професионализмот треба да бидат ваши главни одлики денес. Внимавајте на секој збор што ќе го кажете, затоа што голема е веројатноста некоја ваша забелешка да повреди некого, иако тоа нема да ви биде намерата. Бидете цврсти кога станува збор за тоа што сакате во врската. Викнете, имате право!

Стрелец
Се менувате и подобрувате во љубовниот однос и партнерот ќе го забележи тоа. Сакате љубов за каква се пишуваат романи. Ќе владее убава и пријатна атмосфера каде и да се појавите. Динамични сте и со одлична ментална енергија, продолжете со тоа темпо. Ќе успеете да останете отпорни на негативните коментари.

Јарец
На професионално поле, други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема, но вие она што го мислите кажете го дипломатски, а не директно. На емотивно поле, многу ќе се трудите да бидете љубезни и нежни кон партнерот. На тој начин ќе ја средите напнатоста во вашиот однос. Обидете се да најдете компромис.

Водолија
Ве очекува кавга со партнерот поради некој ваш пријател. Објаснете му на партнерот колку ви значат вашите пријатели, па можеби така ќе успеете да ја смирите ситуацијата. Работите кои се бараат од вас да ги завршите, не оставајте ги за утре. Ќе остварите контакти со интересни луѓе. Ќе инвестирате во нешто сериозно.

Риби
На некого ќе му подвикнете да се опамети, иако тоа би можело да се примени и на вас. На емотивно поле, тешко дека би можеле да се ставите во положбата на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано, зашто ќе недостастува разбирање. Некоја внатрешна нервоза тлее во вас и мора да се ослободите од неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This