Денеска пресуда за Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ослободителна пресуда за случајот „Насилство во Центар“ побара обвинетиот Миле Јанакиески. Во завршницата на судскиот процес, рече дека му се суди за шамари кои не се случиле. Смета дека обвинението според кое сторил насилство е основано на селективно избрани прислушувани разговори.

Обвинетата Даниела Рангелова се ослободи, осуденот Томислав Лазаров се договори, Никола Груевски замина и остана Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира од овој случај, некаква победа за правда која е никому несфатлива и не веродостојна, изјави во судницата Јанакиески.

Тој додаде дека ниту сведок ниту материјален доказ на обвинителството не потврдиле дека давал насоки за протестите пред општина Центар во 2013-та.

Одбраната негираше дека Јанакиески бил близок соработник на Груевски како што наведува обвинителството. Смета дека доколку било така, Јанакиески немало да биде прислушуван.

Ослободителна пресуда побараа и останатите обвинети за случајот. Сите негираа дека сториле насилство.Одбраната на поранешниот премиер Груевски побара судот да го ослободи од обвинение бидејќи за случајот тој веќе бил амнестиран.

Пресудата за судскиот предмет „Насилство во Центар“, судот ќе ја објави денеска напладне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This