Денеска се празнува Светиот апостол Филип: Кои се обичаите за овој ден?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Празникот на Светиот апостол Филип е познат и по покладите пред Божиќниот пост, па понекогаш се нарекува и „Филипов пост“.
Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.
Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил cлеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале беc кај невеpниците кои ги pacпнале на kpст. Тогаш стpашен зем јотрес ја отворил земјата и ги прог олтала судијата и луѓето околу него. Испл ашените луѓе се стрчале да ги спа сат мачениците од крстот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го рас пнале на крст и за неверниците.
Господ ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата про голтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.
Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.

Верувања за овој ден …
Овој ден го следат обичаи чија цел е да заштита од зли духови.
Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This