April 20, 2024, 10:29 am

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВАТ СВЕТИТЕ КИР И ЈОВАН – БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ:Запалете свеќа и помолете се бидејќи се смета дека овие светци помагаат на целото семејство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јануари.

Денеска е Свети бесребреници Кир и Јован
Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир, појде во Арабија за да го види. Тие кога се видоа се засакаа еден со друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата. И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викаа: Теоктиста, која имаше петнаесет години, Теодотија на тринаесет години и Евдокија единаесет години. Тогаш мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.

Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован. Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти. Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.
Денеска овие светци помагаат на сите на кои им е потребна помош. Помагаат на оние на кои другарството им е во искушение. АКо е право и искрено, тие ќе ви помогнат. Запалете свеќа и од нив побарајте помош и ако имате проблеми со несоница.
Запалете свеќа и помолете се бидејќи се смета дека овие светци помагаат на целото семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This