Денеска се слави Преподобен Гаврил Лесновски: Чудотворец и исцелувач од чиј грoб се лекувале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ, кој се води по стар стил , денеска(28. јануари) е 15-ти јануари, ден кога се слават Преподобен Гаврил Лесновски,Преподобен Павле Тивејски, Преподобен Јован Кушчник (Колибар), Светиот маченик Пансофиј.

Преподобен Гаврил Лесновски
Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по cмpттa. Се упокои во Господ на крајот од 10 век.
Свети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува.
Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка „од добар и царски род“, но тој повеќе сакал да се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата пoчинaлa невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко Поле и да изгради црква посветена на Пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.

Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со согласност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе „кои доаѓаа кај светиот се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите. Многу луѓе доаѓаа кај него да се лекуваат“. Житието натаму раскажува дека Гаврил по напуштањето на овој скит отишол во местото Луково во некоја мала шума за која никој не знаел и тука минал извесно време. Се случило еднаш тука да дојде еден овчар и да ги види неговите молитви упатени кон Бога. Овчарот го замолил да му помогне на стадото кози кое било болно поради неговите грeвoви. Гаврил нашол вода во една дупка од камен, ја прекрстил и му ја дал на овчарот да ги попрска козите. Тие веднаш оздравеле, а овчарот многу му бил благодарен.
Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв, тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде пoчинaл поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време светецот му се јавил на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв, да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така, според житието, моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени во Трново, во црквата „Свети Апостоли“ на Трапезец. Подоцна манастирот што тој го основал и што го носи неговото име станал важен книжевен центар.
Ликот на Свети Гаврил Лесновски е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија, а за проучувањето на неговите портрети важно е откривањето на живописот во лесновската црква од времето на нејзината обнова по 1341 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This