March 28, 2024, 11:26 am

Денеска славиме православна светица – Васа гледаше како пред очите ѝ ги убива синовите

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

sv. vasa i sinovite

Св. Васа Солунска (понекогаш Воденска) е православна светица од просторите на Македонија, која живеела на крајот на 3 и почетокот на 4 век. Оваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот император Максимијан (286-308).

Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија. Потоа, императорот го принудил него сам да си ја осуди жената на смрт. Пред нејзините очи тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и сечена.

Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија. Македонската православна црква ја чествува св. Васа  на 3 септември, односно на 21 август по стар стил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This