ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ: Пријавени се голем број пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, прекината пред десетина дена. Оваа точка од дневниот ред на шестата собраниска седница е на предлог на Владата.

За збор за оваа точка од дневниот ред пријавени се голем број пратеници.

Пред започнувањето на шестата собраниска седница, Собранието треба да ги заврши и заостанатите две точки од петата и осмата седница – извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година и именување на тројца заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Продолжувањето на седницата за разрешување на Зврлевски вчера го најави Талат Џафери, кој рече дека седници можно е да има и за време на викендот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This