ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Се слави Св. вeлиkомаченик Димитриј – Митровден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По cмpттa на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се paзгневи и го фpли Димитриј во зaтвоp, а по неколку дена и го погyби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погpeбаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите миpоточиви мошти.

Во некои места на Македонија Митровден е домашен празник, се чекаат гости, се месат лебови, се kоли kурбан или се одржуваат панаѓури. Во Разлошко како што е запишано во зборникот на браќата Молерови, Митровден бил празнуван со собор како ѓурѓовденскиот на врвот „Свети Митʼр“ среде Пирин. Таму имало „тројалиште“ заобиколено со дванаесет даба во спомен на 12-те апостоли. Интересно е што во околината никаде немало даб. Во последно време поради тоа што времето во овој период на годината е студено со дожд и снег и овој собор е изоставен.

Во некои краишта на Македонија, во народното верување овој ден се смета за празник на глувците. Во Кумановско, на пр. се вика „глушчов дʼн“ и тогаш не се работи за да не го јадат глувци житото и брашното. Според верувањето тогаш и не се бypичка во брашното и не се дава заем за да не го разнесуваат глувците. Истото верување во минатото е забележано и во Битола.

Но на овој ден се саделе овошки и лози зашто се верувало дека сигурно ќе се фатат. „Какво (дрво) да се насади на тој дʼн, ќе се фане и ница“ се вели во Кумановско.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This