ДЕНЕС Е ИЛИНДЕН: Борбата продолжува и во 21-от век, а аманетот на нашите предци за слободна Македонија останува врежан во нашата крв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е Св. пророк Илија-Илинден.

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места.

Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

По тој повод и екс-градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на граѓаните им го честиташе празникот.

Честит Илинден драги мои сограѓани!

Среќен именден на сите кои го носат името Илија, Илинка, Илина…

Овој ден има посебно место во нашите срца. 2-ри август е симбол на македонскиот непокор, храброст и истрајна борба.
За жал, сега е време на искривени вредности и силна пропагандна машинерија, во која најголемите душмани на Македонија се прикажуваат како државотворен елемент, а нашите патриоти како најголеми терористи.
Но, ние не се откажуваме.
Борбата продолжува и во 21-от век, а аманетот на нашите предци за слободна Македонија останува врежан во нашата крв.

Македонија вечна!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This