ДЕНЕС Е ПРАЗНИК: Беа фрлени во вжештена печка и преживеаја поради силната верба во Бога – денеска е празник во нивна чест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 декември.

Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Данил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет.

Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа непoвpeдeни иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести.

Според едно предание, сите четворица доживеаја длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This