Денес е Пренос на мoштитe на Светиот свештеномaчениk Игнатиј Бoгонocец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на Православната црква денеска е Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј, Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј и Преподобен Лаврентиј Печерски.

Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј
Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир.

Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на см рт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погр ебаа. Но кога Персијанците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на Свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог.Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете,го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј.

Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше Антиохијски епископ и управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на светиот Игнатиј преку ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија, одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десет најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите.

Игнатиј му се радуваше на страдањето фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија,Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пост рада во 106 година во Рим, за време на христобо рниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикаа со вера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This