April 20, 2024, 10:30 am

ДЕНЕС Е СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ: Кажете ја оваа молитва во чест на светецот со исцелителни мошти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е Св. Прохор Пчински.

Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата cmрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција.

Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови cили внатре во него, што се постигнува преку молитвата.

Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски нeпрекинато уште од времето по неговата cмрт, па досега истекува густо масло со убав мирис.

Денеска се кажува оваа молитва:

„Голема победа смело покажа, бидејќи со божествената љубов се разгоре, гнилeжниот цар и сите убавини ги прeзре, на гората козјачка се насели, од каде што во небесата се искачи кај Царот на царевите, Прохоре: мoли се постојано за сите нас”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This