ДЕНЕС Е СПОМЕН НА: Апостоли од 70-те Прохор, Никанор, Тимон и Пармен ѓакони (I)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес.

А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор беше ракоположен од светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај свети Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги слушнал од устата на светиот Јован. Потоа се врати во Никомидија, каде вложи голем труд за обраќање на народот во верата.

Маченички се упокои во Антиохија, каде беше убиен од неверници. Свети Никанор пострада во Јерусалим истиот ден кога и светиот архиѓакон Стефан, а набрзо по него пострадаа и две илјади други христијани, кои беа уб иени од з ли Евреи. Тимон беше епископ во Арабија и пос трада за Христа на крст. Пармен ум ре пред очите на апостолите и тие го оплакаа и го пог ребаа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This