ДЕНЕС Е СПОМЕН НА Преподобен Исакиј Исповедник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но, царот го занемари старецот и го продолжи патот.

Утредента пак истрча Исакиј пред царот и му ја повтори својата опомена и царот за малку што не го послуша старецот, но го спречи еден советник од аријанците. Третиот ден истрча Исакиј пред царот, го фати неговиот коњ за уздата и го молеше царот да и даде слобода на Црквата Божја и му се закани со казна Божја ако ѝ се спротиви на молбата негова. Разјарен царот нареди и го фрлија старецот во некоја каллива јама. Четвртиот ден излезе Исакиј пред царот и му претскажа грозна смрт ако не им даде слобода на православните: „Ти велам, царе, ќе ја одведеш војската против варварите, но нема да им одолееш, ќе побегнеш пред нив, но тие ќе те фатат и жив ќе те изгорат.“ Така и се случи.

Варварите ја покосија грчката војска како трева, а царот побегна со оној свој советник аријанец и се скри во една колиба. Вараварите стигнаа на тоа место и дознавајќи каде е царот ја опколија онаа колиба и ја запалија, та изгоре царот Валент со својот советник. Потоа се зацари царот Теодосиј Велики, којшто чу за Исакиј и за исполнетото пророштво. Овој цар го повика кај себе старецот и му се поклони. Откако мирот се зацари во Црквата, а аријанците беа протерани, Исакиј сакаше да се врати во својата пустина, но царот го замоли да остане во Цариград.

Еден големец, Сатурнин, му изгради обител во којашто старецот до смртта се подвизуваше чинејќи многубројни чуда. Обителта се наполни со монаси и стана голем манастир. Пред својата смрт Исакиј го одреди за игумен Далмат, а по него оваа обител се нарече Далматска. Богоугодниот старец Исакиј се пресели во вечноста, во 383 година, за да се насладува гледајќи го лицето Божјо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This