ДЕНЕС Е СПОМЕН НА ПРЕПОДОБЕН МАРТИНИЈАН: Заштитник на здравјето на децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари. Денеска е Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што се’ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија.

Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во гр ев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болkата не му навре солзи на очите и не уб и во него секаква похот. Кога надојдоа други искушенија тој побегна на една осамена карпа сред морето и таму живееше. Но, кога при еден бродолом и на оваа карпа доплива една жена, тој скокна во морето за да се удави, но го дочека еден делфин и по Божја Промисла го изнесе на грб на брегот.

Тогаш реши повеќе никаде да не се населува трајно, а постојано да патува. Така, за две години измина сто шеесет и четири града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле пристигна во Атина, и таму се упокои, во 422 година.
Народните обичаи велат дека на овој ден треба да се помолите на овој светец за храброст, здравје, сила на вашите деца, а доколку тоа го направите искрено и од срце, тој ќе ги услуша вашите молитви

Светите Зои и Фотина

Зои беше најпрво развpатна жена и искушувачка на свети Мартинијан, па кога го виде овој испосник како скока во оган за да уб ие секакво сладострастие во себе, таа горко се покаја, отиде во еден манастир во Витлеем, каде што јуначки се подвизуваше како испосничка и затворничка. Кога ги покаја своите гpевови доби од Бога дар на чудотворство. Света Фотина морската бура ја исфрли на островот на којшто се беше осамил свети Мартинијан. Тој веднаш се оддалечи од островот, а Фотина се упокои таму во пост и молитва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This