Денес е спомен на Светиот апостол Кодрат: Светецот кој ги cпаcи Христијаните – денеска кажете ја оваа молитва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ , кој се води по стар стил , денеска е 21-ви септември , ден посветен на Светиот апостол Кодрат.


Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после Св. Публиј), а потоа во градот Магнезија.

Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жр тви, ги раз урна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос.

Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот мач енички.

Денеска кажете ја оваа молитва:
Апостолу Кодрат, моли го милостливиот Бог да ни подари прошка на гревовите на нашите души.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This