April 24, 2024, 12:14 pm

Денес е спомен на Свети Амфилохиј Икониски:40 години живеел на планина и на чудесен начин станал епископ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свети Григориј, епископ Акрагантски

Роден е во Сицилија близу градот Акрагант каде што подоцна беше епископ. Неговите родители, Харитон и Теодотија, беа благоверни. Сиот негов живот е проткаен со прекрасни Божји чуда. На чудесен начин отиде во Јерусалим, на чудесен начин беше избран за епископ, на чудесен начин се спаси од клевета. И самиот беше голем чудотворец, зашто беше голем угодник Божји, голем духовник и подвижник. Учествуваше на V Вселенски Собор во Цариград. После тешките искушенија се упокои мирно во почетокот на 7 век (или на крајот од 6 век).

Свети Александар Невски

Син на кнезот Јарослав. Од малечок со срцето свртен кон Бога. Ги победи Швеѓаните на реката Нева, на 15 јули 1240 година, заради што е наречен Невски. Во таа прилика, на еден војвода на Александар му се јавија светителите Борис и Глеб и му ја ветија својата помош на великиот кнез, којшто им беше роднина. Во Златната Орда татарска Свети Александар не сакаше да им се поклони на идолите ниту да помине низ оган. Заради неговата мудрост и телесна сила и убавина и татарскиот кан го уважуваше овој кнез. Градеше многубројни цркви и чинеше безбројни дела на милостиња. Се упокои во својата четириесет и трета година, на 14 ноември 1263 година, а на 23 ноември се празнува преносот на неговите мошти во градот Владимир.

Свети Митрофан, епископ Вороњежски

Славен руски јерарх, подвижник и родољуб. Другар и изобличител на Петар Велики. Се упокои на 23 ноември 1703 година. Неговите чудотворни мошти се откриени во 1823 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This