Денес е спомен на Свети Епифаниј:Поради љубов кон Христа се прекрсти и замонаши!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му, Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши во манастирот на свети Иларион. Подоцна основа засебен манастир, од каде што се прочу по сета Палестина и по сиот Мисир заради своето подвижништво, духовната мудрост и чудотворството.

Бегајќи од човечка слава се оддалечи во Мисир. На патот се сретна со великиот Пафнутиј, којшто му прорече дека ќе биде архијереј на островот Кипар. И навистина, по повеќе години, по Божја Промисла, Епифаниј дојде на Кипар, каде што ненадејно го избраа за епископ во градот Саламина и како епископ управуваше со Црквата Божја педесет и пет години. Живееше на земјата сè на сè сто и петнаесет години и се упокои од овој живот за вечно да живее во Царството Христово.

Пред cмpтта беше повикан во Цариград од царот Аркадиј и жена му Евдоксија, на собор на епископи којшто требаше според желбата на царот и царицата да го оcуди свети Јован Златоуст. Граѓаните слушнаа, слушна и Златоуст, како божем Епифаниј да се согласил со царот против Златоуст. Затоа Златоуст му напиша писмо: „Брате Епифаниј, чув дека си го посоветувал царот да бидам пpогонет.

Знај дека ни ти веќе нема да го видиш твојот престол“. На тоа Епифаниј му отпиша: „Стpадалнику Јоване, одолевај им на навpедите, знај дека и ти нема да стасаш до местото каде што те го нат“. И обете светителски пpоpоштва се обвистинија набрзо: не сакајќи никако да се согласи со царот околу пpогонcтвото на Златоуст, Епифаниј тајно седна на кораб и тргна за Кипар, но на бродот умpе; а Златоуст го протера царот во Ерменија, но тој по патот умpе. Свети Епифаниј се упокои во 403 година. Од многубројните дела на свети Епифаниј најпознато е „Ковчежето“ (на грчки „Панарион“), во коешто се изложени и побиени осумдесет еpеcи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This