Денес е Цветници, влегувањето на Христос во Ерусалим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица е подвижен празник, секогаш се слави во неделата пред Велигден. Тоа е денот кога се доживува Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Исус Христос ќе биде распнат на крстот.

Цветоносната недела е дванаесеттиот празник, еден од 12-те главни црковни празници, и е посветен на последното доаѓање на Исус Христос во Ерусалим. Според Евангелието, Спасителот пред своето доаѓење во Светиот град го воскреснал четиридневниот мртовец Лазар. Веста за тоа веќе стасала Ерусалим пред неговото пристигнување, и бил пречекан како крал и месија, жителите го прекриле патот по кој минувал Исус Христос со палмови гранки.

Црквата смета дека празникот на влегувањето во Ерусалим е моментот на најголемата земна слава на Христос, откако според Евангелието, жителите на Ерусалим го пречекале така затоа што слушнале за чудото од саботата со воскресението на Лазар, па го пречекале како голем чудотворец и цар кој ќе донесе ред и ќе ги протера омразените римски освојувачи.

При влегувањето на Исус Христос во Ерусалим неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

„Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен“. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служи на човекот како што Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исус, одушевениот народ го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници, кој, меѓутоа, се празнува од III век.

Денешниот ден повикува подлабоко да се доживее тајната на тие случувања. Во сѐ што ќе се доживее овие денови е скриена и

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This