ДЕНЕС ИМИЊАТА НА НОВИТЕ МИНИСТРИ: Заев треба да го достави до Собранието предлогот за новите министри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев се очекува денес да ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада.

Инаку, предлогот до собранието првично требаше да биде доставен во петокот, но Заев го одложи за денеска.

Според неофицијални информации, лидерот на ЛДП Горан Милевски ќе биде нов министер за локална самоуправа, а НДП на Весел Мемеди како компензација треба да го добие министерството без ресор што досега го раководи Зоран Шапируќ од ЛДП.

Професорот на Медицински факултет Хисни Исмаили е предлог на Алтернатива на Африм Гаши за нов министер за култура, додека кадарот на ДПА на Мендух Тачи – Бардуљ Даути, ќе остане министер за странски инвестиции.

Промени во министерството за транспорт и врски нема да има, каде Горан Сугаревски, како што веќе било навестено, ќе остане на оваа функција доколку не се случи некое изненадување во последен миг.

Но, неофицијално се споменува можноста да дојде до промена во министерството за информатичко општество, бидејќи на сегашниот министер Дамјан Манчевски му било понудено да одлучи дали ќе продолжи да ја извршува министерската функција или пак да замине на директорска позиција во државна компанија во енергетскиот сектор – МЕПСО или ЕЛЕМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This