April 26, 2024, 10:29 pm

ДЕНЕС И УТРЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ЛИЧНИ КАРТИ: Поради изборите МВР соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат викендов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре.

Сите барања за издавање лична карта (оштeтeна, изгубена или ykpaдена), по зaконски спроведената постапка, ќе се одобруваат итнo во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итнo заклучно со денешниот ден до 16 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на првиот круг од претседателските и локалните избори, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг, кој ќе се одржи на 5.5.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4.5.2019 до 16 часот, а на денот на изборите, 5.5.2019 година, ќе се издаваат во периодот од 7 до 19 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This